СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Тип на оглас Определено
Цена: По договор
Локација: Скопје, Гази Баба

ОГЛАС ЗА РАБОТА: СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки за развој со цел да се обезбеди непречен тек во процесот на производство на пиво, согласно зададените стандарди.

Што е тоа што бараме:

Висока стручна подготовка, предност – Машински факултет;
Работно искуство во одржување производна опрема;
Основно познавање на процесите за одржување и инженеринг;
Мотивација за работа во динамично и напредно технолошко окружување и мултинационална средина;
Силни организациски и лидерски вештини;
Одлично познавање на SAP system & MS Office – Word, Excel, Power Point;
Напредно познавање на англиски јазик, познавање на германски јазик ќе се смета за предност.

Краток опис на основните одговорности:

Преку одржување на процесната опрема представува поддршка за производството на пиво во остварувањето на планираните количини и остварувањето на клучните индикатори, следејки ги законските регулативи и корпорациските стандарди на Coca-Cola HBC & Heineken.

Навремено реагира за секоја настаната девијација која отстапува од производните стандарди на Heineken;
Континуирано ги следи и истражува можностите за подобрувања и ги комуницира на повисоко ниво;
Го следи и води извршувањето на стратегиите за одржување и инженеринг, донесувањето на одлуки и контролира усогласеност во работата на дневно ниво;
Ја следи ефикасноста на машините и опремата (OPI & MTBA), анализира и предлага оптимизации;
Управува со помалку сложени проекти и помалку ризични OTIF кои се задолжителни и се во рамките на буџетот на одделот за одржување;
Соработува и го поддржува преземањето на одговорност на одделот за одржување со преостанатите оддели;
Изготвува годишен план за одржување и управува со стандардите за одржување;
Ја одржува и редовно ја калибрира опремата за редовна погонска анализа;
Го користи DCS системот за дневна и неделна анализа на процесната опрема, нејзини евентуални отстапки и предлага корекции до супервизорот;
Активно зема учество во TPM тимовите;
Ја следи состојбата на резервни делови за опремата и врши нивна набавка кога е потребно;
Лично придонесува за позитивна тимска атмосфера во погонот за производство на пиво.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со испраќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидате задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниот начин:

да испратат свое кратко резиме и писмо за интерес (на англиски и македонски јазик) на дадената e-mail адреса со назнака називот на позицијата „Специјалист за одржување”, најдоцна до 12.04.2019 год.

OGLAS ZA RABOTA: SPECIJALIST ZA ODRZUVANjE

Rabotna pozicija ispolneta so predizvici, proektni i rabotni zadachi, namenski obuki za razvoj so cel da se obezbedi neprechen tek vo procesot na proizvodstvo na pivo, soglasno zadadenite standardi.

Shto e toa shto barame:

Visoka struchna podgotovka, prednost – Mashinski fakultet;
Rabotno iskustvo vo odrzuvanje proizvodna oprema;
Osnovno poznavanje na procesite za odrzuvanje i inzenering;
Motivacija za rabota vo dinamichno i napredno tehnoloshko okruzuvanje i multinacionalna sredina;
Silni organizaciski i liderski veshtini;
Odlichno poznavanje na SAP system & MS Office – Word, Excel, Power Point;
Napredno poznavanje na angliski jazik, poznavanje na germanski jazik ke se smeta za prednost.

Kratok opis na osnovnite odgovornosti:

Preku odrzuvanje na procesnata oprema predstavuva poddrshka za proizvodstvoto na pivo vo ostvaruvanjeto na planiranite kolichini i ostvaruvanjeto na kluchnite indikatori, sledejki gi zakonskite regulativi i korporaciskite standardi na Coca-Cola HBC & Heineken.

Navremeno reagira za sekoja nastanata devijacija koja otstapuva od proizvodnite standardi na Heineken;
Kontinuirano gi sledi i istrazuva moznostite za podobruvanja i gi komunicira na povisoko nivo;
Go sledi i vodi izvrshuvanjeto na strategiite za odrzuvanje i inzenering, donesuvanjeto na odluki i kontrolira usoglasenost vo rabotata na dnevno nivo;
Ja sledi efikasnosta na mashinite i opremata (OPI & MTBA), analizira i predlaga optimizacii;
Upravuva so pomalku slozeni proekti i pomalku rizichni OTIF koi se zadolzitelni i se vo ramkite na budzetot na oddelot za odrzuvanje;
Sorabotuva i go poddrzuva prezemanjeto na odgovornost na oddelot za odrzuvanje so preostanatite oddeli;
Izgotvuva godishen plan za odrzuvanje i upravuva so standardite za odrzuvanje;
Ja odrzuva i redovno ja kalibrira opremata za redovna pogonska analiza;
Go koristi DCS sistemot za dnevna i nedelna analiza na procesnata oprema, nejzini eventualni otstapki i predlaga korekcii do supervizorot;
Aktivno zema uchestvo vo TPM timovite;
Ja sledi sostojbata na rezervni delovi za opremata i vrshi nivna nabavka koga e potrebno;
Lichno pridonesuva za pozitivna timska atmosfera vo pogonot za proizvodstvo na pivo.

Rabotniot odnos se zasnova na opredeleno vreme od 6 meseci, so moznost za prodolzuvanje na dogovor na neopredeleno vreme. Nedelnoto rabotno vreme za pozicijata e od ponedelnik do petok, 8 rabotni chasa.

Izbor na prijavenite kandidati ke se izvrshi vo rok od 45/90/120 dena po istekot na rokot za prijavuvanje vo zavisnost od brojot na prijavenite kandidati.

So isprakanje na Vashata aplikacija, davate soglasnost vashite podatoci da bidate zadrzani i koristeni od kompanijata vo rok od 1 (edna) godina.

Kako da se aplicira:

Kandidatite koi gi ispolnuvaat navedenite kvalifikacii treba da apliciraat na sledniot nachin:

da ispratat svoe kratko rezime i pismo za interes (na angliski i makedonski jazik) na dadenata e-mail adresa so naznaka nazivot na pozicijata „Specijalist za odrzuvanje”, najdocna do 12.04.2019 god.

Информации за огласувачот

Пивара Скопје / Pivara Skopje
080018888