Forza Wine Bar & Restaurant БАРА СОМЕЛИЕР - КЕЛНЕР

Тип на оглас Неопределено
Цена: По договор
Локација: Скопје, Карпош

Вистинскиот кандидат ќе добие стипендија за WSET Level 1 in Wines (интернацонално призната сертификација)

Кога станува збор за вино, во Форца работите се малку поразлични. Ние се гордееме со својата импресивна винска понуда, но добро знаеме и дека сервисот и пристапот кон виното е важен дел од уживањето. Токму затоа, го бараме својот сомелиер/келнер. Бидејќи веруваме во постојана професионална надградба, на вистинскиот кандидат во соработка со Wine Way му нудиме и стипендија за винска едукација WSET Level 1 in Wines!

Нашиот вистински кандидат има искуство во угостителството, страст за вино и незаситна жед за учење и професионален развој. Бараме некој кој е посветен на своите гости, некој кој ги прави луѓето околу него да се чуствуваат пријатно, некој кој е самосвесен, без его, некој на кој може да му се верува, дисциплиниран и професионален.

Ако сте некој кој е сериозен, искусен и веќе одлучил да ја гради својата кариера во угостителството - имаме одлична понуда за Вас – станете дел од нашиот тим и развивајте се со нас!

Ние Ви нудиме...

- стипендија за винска едукација WSET Level 1 in Wines (интернацонално призната сертификација)
- плата со бенефиции
- процент од продажбата на виното
- менторство од страна на сертифициран сомелиер и WSET вински едукатор

рок за пријава: 31 Март 2019

Vistinskiot kandidat ke dobie stipendija za WSET Level 1 in Wines (internaconalno priznata sertifikacija)

Koga stanuva zbor za vino, vo Forca rabotite se malku porazlichni. Nie se gordeeme so svojata impresivna vinska ponuda, no dobro znaeme i deka servisot i pristapot kon vinoto e vazen del od uzivanjeto. Tokmu zatoa, go barame svojot somelier/kelner. Bidejki veruvame vo postojana profesionalna nadgradba, na vistinskiot kandidat vo sorabotka so Wine Way mu nudime i stipendija za vinska edukacija WSET Level 1 in Wines!

Nashiot vistinski kandidat ima iskustvo vo ugostitelstvoto, strast za vino i nezasitna zed za uchenje i profesionalen razvoj. Barame nekoj koj e posveten na svoite gosti, nekoj koj gi pravi lugjeto okolu nego da se chustvuvaat prijatno, nekoj koj e samosvesen, bez ego, nekoj na koj moze da mu se veruva, discipliniran i profesionalen.

Ako ste nekoj koj e seriozen, iskusen i veke odluchil da ja gradi svojata kariera vo ugostitelstvoto - imame odlichna ponuda za Vas – stanete del od nashiot tim i razvivajte se so nas!

Nie Vi nudime...

- stipendija za vinska edukacija WSET Level 1 in Wines (internaconalno priznata sertifikacija)
- plata so beneficii
- procent od prodazbata na vinoto
- mentorstvo od strana na sertificiran somelier i WSET vinski edukator

rok za prijava: 31 Mart 2019

Информации за огласувачот

Forza Wine Bar and Restaurant